(видео)Убедлива победа на Џонсон на парламентарните избори во Велика Британија

Не сакавме да ги распишеме, а овие избори станаа историски, конзервативците на Борис Џонсон извојуваа убедлива победа на парламентарните избори во Велика Британија.

Според последните податоци на Би-Би-Си, ториевците освоија 364 мандати во 650-члениот парламент, додека Лабуристичката партија 203. Резултатите од изборите се уште се бројат, а „Политико“ оценува дека овој резултат претставува голема лична победа на Џонсон и значи дека Велика Британија сигурно ќе ја напушти ЕУ, на крајот на јануари.

  • Сакам да им се заблагодарам на луѓето од оваа земја што излегоа да гласаат на декемвриските избори, кои не сакавме да ги распишеме, но се покажа како историски избори. Ова и дава сега шанса на новата влада  да ја почитуваме демократската волја на британскиот народ, да ја промениме оваа држава на подобро и да го ослободиме потенцијалот на целиот народ на оваа земја. И тоа е она што сега ќе го направиме, изјави Борис Џонсон, Премиер на Велика Британија.

Неговиот ривал лабуристот Корбин разочаран- Брегзитот ги поларизираше гласачите, темите како социјална правда беа фрлени во позадина. Тој се повлекува од лидерската позиција и вели дека нема да ја води партијата на ниту едни избори.

  • Како и да е, Брегзит длабоко ја поларизираше и подели оваа земја и ја засени вообичаената политичка дебата. И јас признавам дека тоа придонесе за вечерашниот резултат на Лабуристичката партија низ целата земја. Социјалната правда и прашањата за потребите на луѓето нема да исчезнат само затоа што се справуваме со Брегзит на начинот на кој Борис Џонсон веројатно планира да се справи со тоа во моментот, рече Џереми Корбин, лидер на Лабористичката партија.

Ова е најголема победа на ториевците во последните 30 години, а подобар резултат освио само „железната лејди“ Маргарет Тачер, на изборите во 1983 година. Истовремено, лабуристите го постигнаа најлошиот резултат од 1935 година. Со овој изборен резултат Џонсон си обезбеди доволно места во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари. Меѓу првите честитка му упати америкснкиот претседатеч Трамп, а ЕУ ја поздрави „чистотата“ на изборниот резултат. Се јави и поранешната премиерка Меј која на изборниот резултат гледа како на излез од „политичката парализа“ на земјата спроведување на Брегзитот и обезбедување договор со ЕУ до крајот на 2020 година.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ