
Уапсен убиецот на тројца луѓе во Утрехт, мотивот не познат
Уапсен е сторителот на грозоморниот чин во трамвај во Утрехт, кој пукајќи од огнено оружје уби тројца и рани петмина, од кои тројца се борат за живот. Холандските власти трагаа по 37-годишниот Ѓокман Танис, роден во Турција, кој сега е во притвор.
- Само што слушнав од мојот колега дека осомничениот по кого се ѕрагаше е уапсен. Во овој момент немам други информации кој можам да ги споделам, но потврдувам дека осомничениот по кого се трагаше е во притвор, изјави Роб ван Бри, шеф на полицијата во Утрехт.
Безбедносните камери го разоткрија напаѓачот вели првиот човек на холандското Министерството за правда но мотивот се уште не е познат.
- За среќа ова лице го има на безбедносните камери на трамвајот. Така што тоа брзо го воочивме и исто така да го поврземе со автомобилот со кој избега од местот на нападот. Ние се уште не ги знаеме мотивите, не исклучуваме било каков мотив и да повторам ова е голем шок за општеството, можете да разберете тројца луѓе се убиени, рече Фред Гаперхаус, холадски министер за правда.
Според обвинителството, можеби се работи за семејни причини. Турски медиуми цитираа роднини на осомничениот, кои тврдат дека Танис пукал кон роднина која се превезувала во трамвајот, а притоа ги убил другите кои се обиделе да и помогнат.
Еден негов сограѓанин пак во изјава за медиумите вели дека тој бил апсен пред неколку години поради врски со исламска држава, но подоцнана бил ослободен. Не се дружел со турската заедница во Холандија и дека бил повлечено момче.
Билјана Ставрова