
Туск: Специјално место во пеколот за луѓето кои бараат Брегзит без договор
Во пеколот има специјално место за политичарите кои фаворизираат Брегзит без договор, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Патем се прашувам како изгледа тоа специјално место во пеколот за тие кои го промовираа Брегзит без ниту скица на план, како безбедно да го изведат, рече Туск.
Коментарот на Туск следува по средбата со ирскиот премиер Леа Варадкар, по која порача дека Брисел и тој лично силно веруваат во можноста да се пронајде решение, но и дека постои чуство на одговорност да се подготват за можно фијаско.
Очекувано неговиот коментар ги погоди Британците. Даунинг стрит 10 праша дали Туск смета дека употребата на ваков јазик навистина ќе помогне во преговорите, додека други побараа од владата и парламентот преземање мерки против Туск.
Не се сеќавам г-дине, некогаш, некој претседател да ги навредил членовите на овој парламент, членовите на владата и Британците на ваков начин. Кои средства му се достапни на Парламентот или Владата да одговори на ваква срамна навреда, повика пратеникот од редовите на Републиканците Питер Боун.
Но имаше и такви кои не беа премногу засегнати.
Да бидам искрен не ме засега што претседателот на Европскиот совет изјавил, бидејќи тоа не е прашање што ме загрижува, порача спикерот Џон Беркоу.
Микрофоните во прес салата го уловија и предупредувањето кое ирскиот премиер по малку на шега му го упати на Туск, дека британскиот прес ќе му направи ужасни проблеми поради таа изјава. Двајцата само се насмеаја, но во британските медиуми веднаш почнаа да се појавуваат нови ептитети за Туск, како ѓаволски евроманијак и арогантен бирократски силеџија.
Игор Трајков