
Туск: Подготвен сум да свикам Самит, кога ќе имаме клучен напредок за Брегзит
Претседателот на Европскиот совет. Доналд Туск, пак, рече дека сака преговорите меѓу Брисел и Лондон да продолжат во позитивен дух.
Според него, „кога и ако“ се постигне решителен напредок во преговорите, тој ќе свика вонреден состанок на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.
– Чувствувам дека денес сме поблизу до конечно решение и договор, а чувствата, дури и во политиката, имаат значење, рече Туск.
Тој посочи дека синоќа Европскиот совет не го разгледал прашањето за продолжување на рокот од повлекувањето на Велика Британија до влегувањето во сила на подготвениот договор со ЕУ.