Турција: Кашоги задавен и распарчен

Саудискиот новинар Џамал Кашоги бил веднаш убиен, изјави турскиот јавен обвинител, истакнувајќи дека Кашоги бил задавен, а потоа и распарчен. Ова е прво официјално соопштение од Турција за убиството на новинарот, за кое медиумите со недели пишуваа дека се случило во саудискиот конзулат во Истанбул.

Државниот обвинител Ирфан Фидан рече дека состанокот со саудиската страна немал никаков конкретен резултат. Саудиска Арабија се уште не го коментира состанокот. Од државното обвинителство на Турција соопштуваат „Согласно претходно разработен план, жртвата, Џамал Кашоги, бил задавен веднаш по неговото влегување во Конзулатот на Саудиска Арабија. Неговото тело потоа било распарчено и уништено, како што претходно било планирано“.

Саудиска Арабија, отпрво, ги отфрлаше обвинувањата за убиството, велејчи дека Кашоги, кој беше голем критичар на саудиската власт, излегол од зградата жив откако бил таму на состанок на 2 октомври. Ријад потоа призна дека убиството на Кашоги е резултат на „лоша опреација“, односно починал во тепачка со агентите во конзулатот. Уапсени се 18 осомничени, на кои ќе им се суди во Саудиска Арабија. Турција бара осомничените да бидат екстрадирани.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ