Турција ги ослободи бегалците?

Стотици сириски бегалци од Турција тргнаа кон грчката граница и плажите во непосредна близина на грчките острови. Колоните бегалци и гумените чамци повторно тргнаа од Турција откако вчера сириските владини сили убија 33-ца турски војници во воздушен напад а турската армија веднаш возврати таргетирајќи ги сите познати позиции на владините сили. ЕК и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци тврдат дека нема промени во политиката на Анкара кон бегалците и почитувањето на договорот со унијата за задржување на бегалците.

  • Кога станува збор за информациите или шпекулациите за движењата на мигрантите во Турција би сакал да потенцирам дека немаше никакво официјално соопштение за било какви промени во нивната политика кон мигрантите и барателите на азил, изјави портпаролот на ЕК, Петар Стано.

И покрај верувањето на Комисијата дека Труција останува посветена на договорот постигнат во 2016, сепак извештаите од терен потсетуваат на сцените од мигрантската криза една година претходно.

  • Добивањето турски документи не е возможно. Сакам да одам во Германија, вели еден мигрант.

До сега Анкара редовно се закануваше дека ќе ги пушти 3,6-те милиони сириски бегалци и други мигранти, кои се задржани на нејзина територија, но никогаш не го направи тоа. Иако нема официјална потврда дека турските власти свесно го дозволуваат движењето на мигрантите, сепак новиот развој на настаните започна по вчерашната ексалација на состојбата во северозападна Сирија. 33 турски војници загинаа во сириски воздушен напад, по што турската армија експресно одговорим, таргетирајќи над 200 сириски позиции, напади во кои наводно загинале повеќе од 300 сириски војници.

  • Како резултат на нашите напади неутрализирани се 5 хеликоптери, 23 тенкови, 10 оклопни возила, 23 различни парчиња артилерија, 5 камиони со муниција, еден антиракетен систем СА 17 и еден СА 22, три магацини со муниција, два магацини со опрема, една командна зграда и 309 сириски војници, изјави министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар.

Сириските власти воошто не го коментираа нападот, но Москва чија команда, која ги координира операциите на сите вмешани страни соопшти дека турските сили оперирале заедно со џихадистички групи во моментот на сирискиот воздушен напад. НАТО веднаш свика состанок на Северноатланскиот совет, на барање на Турција а руските медиуми објавија, за сега непотврдени инфомации дека Москва испраќа дополнителни два борбени бродови кон Сирија.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ