
Турција ги доби првите С-400 од Русија и покрај противењето на САД и НАТО
Првите единици на противракетниот систем с-400 пристигнаа во Турција денеска и покрај предупредувањата од страна на НАТО сојузниците АНкара да ја прекине набавката. Токму договорот за купување на најновиот противракетен систем од Руско производство дополнително ги наруши односите на Турција со САД и ЕУ. Но за Анкара нема ништо спорно затоа што набавката на воена опрема е суверено право на секоја земја.
„Секогаш велевме, што се однесува до ситемот С-400, дека е договор кој веќе се финализира и процесот продолжува да напредува. Ги координираме работите, дозволите за летање и дозволите за персоналот кој треба да пристигне. Процесот кој се однесува на овие работи продолжува. Во секој случај нашето министерство веќе ги објави потребните соопштенија. Нема никаков проблем и процесот продолжува да напредува на здрав начин“, вели турскиот министер за надворешни Мевлут Чавушоглу.
Вашингтон дури се закани со санкции во обидот да ја одврати Турција од плановите да го набави системот. Предупредување од потенцијалнит епоследици денеска упати и НАТО. На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат но интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за нашите операции и мисии, соопштија од Алијансата.
Но проблемот со набавката на противракетниот систем не е толку површен и заснован само на политичките односи меѓу Вашингтон и Москва. Паралелно со неговата набавка Анкара нарача и 100 американски ловци Ф-35-ки и Вашингтон не сака руските техничари кои ќе ги составуваат С-400-тките да се доближат до авионите затоа што стравуваат дека ќе успеат да му ги анализираат слабостите.
Турција и самата учествува во американската програма за производство на авионот, произведувајќи некои компоненти на својата територија, а беше планирана да биде регионален центар за одржување на ловците. Вашингтон веќе ја прекина обуката на турските пилоти како резултат на набавката на рускиот против ракетен систем а планира и да ја исклучи комплетно од програмата за Ф-35-ките.
Игор Трајков