
Турција би купила воени ловци од Русија наместо од САД
Турција размислува да купи руски борбени авиони СУ-57 во случај САД да ја одбијат да и продадат воени авиони Ф-35, пишуваат турските медиуми.
Весникот „ЈениСафак“ пишува дека Анкара не планира да се откаже од американските авиони, чија испорака треба да почне во јуни.
Како што се наведува, Турција започнала разговори за можна замена на американските авиони со руски, кои се двојно поевтини.
Турското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека Турција може да преземе одредени мерки против САД, ако Вашингтон го укине договорот за купување на Ф-35.