Турската операција во Сирија се уште не е почната, тврди Анкара

Планираната турска воена операција во Сирија не е почната и во моментов се извршуваат финални подготовки, соопштија турски воени извори.

Според истите извори, распоредувањето на сили и воена опрема веќе е завршено.

Војници со тешка техника отстранија бетонски огради на пунктови на границата.

Турскиот министер за одбрана Хусур Акар денеска изјави продолжуваат подготовките за очекуваниот упад на територија на Сирија.

Нашите напори во врска со офанзивата продолжуваат како и подготовките, изјави Акар за Анадолија.

Во меѓувреме, турската агенција јави дека Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили соопштила оти е подготвена да се бори против тероризмот заедно со Турција.

Коалицијата ја потврдила својата заложба за борба против тероризмот во сите негови форми и за соработка со партнерите за пораз на терористичките организации.

Закрилната организација, позната и како Сириска национална коалиција, „е подготвена да се бори против тероризмот во соработка и заедничко дејствување со браќата во Турција, со цел да ги заштити националните интереси на сирискиот народ заедно со Арапите, Курдите, Туркменците, Асирците и други“, се вели во соопштението кое го цитира Анадолија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ