
Црн рекорд во Италија, 919 жртви од коронавирусот во последното деноноќие
Шести илјади ново заразени и дури 919 жртви од коронавирусот во последното деноноќие во Италија. Ова е досега најголемата бројка на жртви во еден ден во Италија но и во светот.
Во државата која засега е најтешко погодена од пандемијата на вирусот Ковид-19, според официјалните информации има 86.498 заразени лица, од кои 3.732 се критични, како и 9.134 жртви, најмногу во светот. Досега во Италија се излекувани нешто на 10 илјади луѓе.
Надлежните предупредуваат дека пикот на епидемијата сеуште не е достигнат,
„Сеуште не сме го достигнале пикот на заразата и не сме го минале. Има знаци на намалување на бројот на новозаразени а тоа упатува дека пикот е блиску и наскоро може да очекуваме опаѓање на бројката на заразени. Кога ќе почне опаѓањето, брзината на падот ќе зависи од нашето однесување, изјави Силвио Брусаферо, претседател на италијанскиот Институт за здравство.
Статиските покажуваат дека во моментов во Италија има 1.431 заразени лица и 151 жртва на еден милион жители што е највисока стапка во светот.