
Ципрас: „Земјотресот“ остана само желба на организаторите
„Земјотресот“ и милионите демонстранти останаа само желба на организаторите, експремиерот Андонис Самарас и на лидерот на опозициската Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис“, соопшти кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас по протестот во Атина за заштита на името Македонија.
– Огромното мнозинство од грчките граѓани, кои го гледаа собирот на телевизија, без разлика на нивните ставови, се сплотени во вербата дека големите прашања од надворешната политика не треба да се решаваат со фанатицизам и нетолеранција, се вели во соопштението.
Владејачката партија сириза се огласи со слично соопштение, во кое што ги осуди националистичките пораки на протестот и го обвини Мицотакис за лицемерие и неодговорност, бидејќи одбива да каже јасен став за прашањето за името, како и за соработката со крајната десница.
Полицијата соопшти дека на собирот присуствувале 140.000, иако организаторите тврдат дека на „Синтагма“ имало 1,5 милиони луѓе.