
Ципрас презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во Атина
Бројот на загинати од пожарите во грција се искачи на 87 луѓе. “ден 62-годишен маж, кој во критична состојба беше примен во болница со сериозни изгореници од пожарите, денеска им подлегна на повредите. Во меѓувреме, продолжува идентификацијата на жртвите, но, голем дел од нив не можат да бидат препознаени, па форензичарите бараат ДНК примероци од роднините. Процесот на идентификација ќе трае уште неколку дена. бројот на исчезнатите постојано се менува. само во текот на вчерашниот ден, пронајдени биле 40 луѓе, кои се воделе како исчезнати. во меѓувреме, траат препукувањата за тоа кој ја носи најголемата одговорност во институциите, за неиздавање наредба за евакуација.Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за пожарот, и повика истото да го сторат и министрите во неговата влада.
„Го свикав денеска министерскиот совет, пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што се подразбира за премиерот и за владат“, изјави Ципрас во воведното обраќање на почетокот на вонредната владина седница што почна попладнево.
По вчерашната прес-конференција на министерот за цивилна заштита на грција, владиниот портпарол и на началниците на противпожарната служба и полицијата, опозициската Нова демократија ја критикуваше владата, зошто не постоеле доволен број сили во зафатената област, зошто граѓаните од населбата мати не биле навремено евакуирани, зошто не функционирал бројот 112, и зошто владата не ги искористила медиумите за да ги предупреди граѓаните да ги напуштат нивните домови.