Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина. -Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи, напиша Ципрас на Твитер

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ