Циклонот ксенофон пустоши во Грција

По циклонот Ксенофон кој се уште беснее во Егејското Море, метеоролозите во Грција предупредуваат на формирање тропски циклон во Јонското Море. Се очекува тој да се движи кон исток, со што в сабота голем дел од Пелопонез и Крит, ќе бидат зафатени од дожд и силен ветер, пред невремето да се пресели на Атика, Евиа и Кикладиските Острови.

Поради циклонот Ксенофон, чамците се закотвени во последните три дена, продолжува да се движи по Егејското Море, проследен со силни ветрови и ниски температури. И денеска, источниот дел на копното Грција (Атика), Пелопонез, Кикладиските острови и Крит ќе бидат зафатени од дожд и ветришта..

Во Атина вчера имаше прекини на електричната енергија, поради паднати дрвја и гранки врз електричните водови како резултат на силните ветришта. Училиштата во Атика ќе останат затворени и денеска.

Од силниот ветер се урна минарето минарето на џамијата Аслан-паша во Јанина, кое датира од 17 век. Невремето, исто така, искорна неколку дрвја околу регионот на Јанина, а температурите во Мецово и околните планини се спушти под нула.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ