Тројца загинати во нападот во Стразбур, напаѓачот се уште во бегство

Се зголеми бројот на загинати во синоќешниот терористички напад во срцето на Сразбур. Францускиот министер за внатрешни информираше дека тројца загинаа, а најмалку 13 се ранети, од кои осум се во критична состојба. Меѓу настраданите се двајца полицајци, и еден турист од Тајланд, додека неговата сопруга е тешко повредена. Нападот се случи синоќа на божикниот пазар на еден од главните плоштади во Стразбур, Клебер. Според сведоците, човекот влегол меѓу метежот и почнал да пука, по што сите во паника почнале да бегаат. Напаѓачот и е познат на полицијата. Се работи за 29-годишник, кој се наоѓа на пописот на луѓе кои претставуваат ризик за безбедноста. Бил апсен во и од германските власти. Полицијата го лоцираше во својата акција и го опколи, но тој успеал да им избега. Потрагата по него трае од синоќа.

  • Во моментов, 350 лица се распоредени за да го пронајдат, активни се 100 членови на правосудната полиција, две хеликоптерски бригади од RAID (елитната француска полициска тактичка единица), BRI (бригада за истраги и истражувања) и војници од операцијата Сентинел . Дополнителните средства беа мобилизирани од владата и се на пат кон Стразбур, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Кристоф Кастанер.

Франција го активираше Вигипрате планот, односно тимот за спречување на вакви напади. Во меѓувреме, засилени се и граничните контроли, како и контролите на сите божикни пазари во земјата. Сите такси возења се бесплатни денеска. Иако ЕП беше затворен по нападот, утринава повторно нормално се работи. Градинките и училиштата нема да се затворени, но локалните власти оставија на родителите да одлучат дали ќе ги испратат денеска на настава своите деца.

Иако, напаѓачот и е познат на полицијата, сепак не е поврзан со терористички акции. Но, медиумите пишуваат дека бил радикализиран во затвор, па поради тоа активирана е и единицата за терористички напади. Франција се уште е под висок степен на готовност по нападите во 2015 и 2016-та која ги изведе исламска држава а во кои беа убиени повеќе од 200 луѓе.

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ