(видео)Тројца загинати алпинисти во Италија- во Австрија и Швајцарија се трага по преживеани после четирите лавини на сенг

Двајца алпинисти загинаа на Гран Сасо, каде предходно почина и една жена. Алпинистите паднале во провалија и останале да висат на јажето со кое биле врзани за трет човек, кој ги повикал спасувачките екипи. Нивните тела беа извлечени од долината во попладневни часови. Алпинистите починале рано утрото додека се обидувале да се искачат на врвот на планината Гран Сасо во централниот регион на Абруцо. Една Италијанка, на возраст од 49 години, почина на ден Божиќ на планината во слични околности, при што нејзиното тело беше извлечено рано утрото, откако нејзините роднини ги известиле властите.

Во истовреме во тек е голема потрага по изчезнати скијачи откако четири лавини се случија во скицентрите во Австрија и Швајцарија.

Австрискиот ресорт Анкогел бил погоден од три лавини, додека швајцарскиот Андермат го погодила една лавина.

Тамошмните медиуми јавуваат дека на ски стазите имало многу многу луѓе, двајца полесно повредени се спасени во Адермат, каде операцијата на спасување продолжува. Швајчарската полиција јавува дека повеќемина биле однесени на носила, но дека е пријавен голем број на затрупани во големата лавина.

Во акцијата се вклучени три хеликоптери, екипите на итната медицинска помош и 20 цивили кои спонтано се вкличиле во спасувачката акција.

Шестмина швајцарски државани се засега се спасени, а двајца повредени се пренесени во болница.

Се уште не е јасно што ја предизвикало лавината. За сега среќната вест е дека 26 – годишен Австриец по поминати пет часа под снег е спасен. Штефан Шрук, шефот на спасувачката служба вели вообичаено жртвите од лавина не преживуваат повеќе од 15 минути под снег, спасувањето на овој млад Австриец е прво во последните дваесет години. Тој скијал ноќно време на необележана стаза кај штаерскиот врв Плесшнитзикен, спасувачите го пронашле еден метар под снег откако добиле сигнал за неговата локација. Момчето било при свест но премрзнато, а успеал да преживее бидејќи околу главата формирал воздушен џеп којшто му овозможил да дише.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ