Тројца починаа во САД, а едeн oслепeн пиеле средсво за дезинфекција

Тројца починаа во Ново Мексико, а едно лице остана слепо за секогаш после труење со хемиското средство метанол. Како што објавува Си- Ен- Ен, уште тројца, кои пиеле средство за дезинфекција на раце, се во критична состојба.

„Веруваме дека сите седуммина пиеле средство за дезинфекција на раце, кое содржи метанол. Случаите се поврзани со алкохолизам“, соопштуваат од министерството за здравство на оваа американска држава.

Пред пандемијата, во поголем број на затвори, средствaта за дезинфекција беа забранети, поради страв дека затворениците ќе ги испијат. Метанолот предизвикува мачнина, повраќање, главоболка, слепило, па дури и смрт.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ