Тројца мртви при судири меѓу војската и опозицијата во Венецуела

Она што требаше да биде едноставно собирање и транспортирање на хуманитарна помош во Венецуела се претвори во крвав судир меѓу приврзаниците на опозицијата и војската лојална на претседателот Мадуро.

Она што се случи е директна репресија од оние кои се против луѓето кои немаат со што да се одбранат. Овие луѓе дојдоа мирно за да ја преземат и однесат хуманитарната помош до луѓето на кои им е потребна, вели опозицискиот активист Хуан Васкез.

Три лица загинаа, од кои едно 14 годишно момче откако војската отвори оган кон цивилите кои откако беа блокирани, се обидоа насилно да се пробијат преку границата со Бразил на југ и Колумбија на запад.

Би сакал да кажам дека светот имаше можност да го види варварството на диктатурата која ја опресира Венецуела. Светот исто така можеше да види, вчера и денеска, како варварството не чинеше повеќе животи меѓу Венецуела и Бразил, рече колумбискиот претседател Иван Дук.

Самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо уште еднаш ја повика војската да му откаже послушност на Мадуро и да ги подржи протестите.

Луѓе од вооружените сили, не дозволувајте нерегуларните да владеат со судбината на нашата земја. Добрите луѓе со чест, со семејства се тие кои сакате да ги заштитувате и можеби се вашите деца, вашите мајки, вашите внуци кои волонтираат во овој момент за да спасат животи, повика Гуаидо.

Гуаидо претходно ги повика сите земји да им помогнат на Венецуелците кои поради неконтролираната инфлација и лоша економска состојба во земјата не можат да си ги дозволат основните продукти и лекови. Собирањето и транспортот на хуманитарната помош беше организирано од САД и логистички подржано од повеќето јужно американски земји, но Мадуро негира дека на земјата и е потребна хуманитарна помош и тврди дека тоа е само обид на САД да изврши копнена инвазија на Венецуела.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ