Пет жртви при судар на воз и автобус кај Ниш

Пет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во судар на воз и аутобус на одбележан железнички премин, но без рампа, кај Ниш.

Како што јави РТС, автобусот превезувал деца во училиште.

Српското МВР соопшти дека три лица загинале, на лице место, две на операција, а 22 се повредени и оти несреќата се случила околу седум часот и 30 минути.

Според неофицијални информаци на „Блиц“, загинале две возрасни лица и едно дете, а 26 лица се повредени.

Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.

Претставници на нишкиот Клинички центар за Танјуг изјавиле дека во болница се примени повеќе од 20 лица и оти во тек е дијагностика.

Директорот на Брзата помош рекол дека шест лица се потешко повредени, а 16 полесно.

Компанијата „Инфраструктура на железницата на Србија“ соопшти дека несреќата се случила на патен премин кој е обезбеден со знаци за вертикална патна сигнализација (немало рампа), информира Танјуг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ