Три жртви и 82 нови случаи на коронавирус во Србија

Три лица заразени со коронавирус починаа во изминатото деноеноќие со што бројката на жртви во Србија се сикачи на 13 лица.  Во Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице, изјави на денешната владина прес-конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“, Дарија Кисиќ.

„ Досега вкупно се хоспитализирани 356 пациенти, 55 лица кои се водат како тешки случаи се ставени на респиратор“, изјави Кисиќ.

Во националната референтна лаболаторија на Институтот Торлак во Србија досега се тестирани вкупно 2.462 лица.

Коронавирусот е регистриран во 35 градови и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-289 лица.

На денешната прес-конференција епидемиолозите кажаа дека сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мора да бидат сместени во привремената болница на Белградскиот саем, кој е подготвен со 3.000 легла, како и во спортскиот центар Чаир во Ниш и на Новосадскиот саем.

Денеска постарите лица од 03-08 часот имаа можност да излезат од своите домови за набавка на основните намирници, можност која според вледините мерки е предвидена само еднаш неделно.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ