
Два силни земјотреси во Загреб
Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени.
Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри, кај Кашина, место кое е најпогодено.
Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала.
Хрватската престолнина се тресеше десетина секунди, а луѓето панично излегоа на улиците. Се уште се на улици, не се осмелуваат да се вратат во своите домови, а држат и дистанца меѓу себе. Многумина од нив носат и маски.
Медиумите јавуваат за оштетени згради, автомобили, но урнат е и врвот од загрепската катедралата. Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.
Во некои згради, sидовите испукале, некаде се урнал покрив, а во станови паѓале полици и слични предмети.