Три нови експлозии во Ирак

Три силни експлозии одекнаа вечерва во Багдад, а се огласија и сирени, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на очевидци. Причините за експлозиите засега не се познати.

Сирените од воздушните напади можеле да се слушнат во видео-снимките за кои се претпоставува дека се снимени во ирачката престолнина.

Светските медиуми јавуваат дека експлозиите одекнале од правец на „Зелената зона“, каде се наоѓа американската амбасада. Ројтерс јавува дека најмалку една ракета паднала на 100 метри од амбасадата на САД.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ