
Три лица ранети со нож во Лондон, полицијата го убила напаѓачот
Младиот маж кој беше смртно застрелан во јужен Лондон бил ослободен од затвор во Јануари. 20-годишниот Судеш Амана, излегол од затвор пред една недела, откако отслужил половина од казната од 3 години и 4 месеци заради поврзаност со терористички кривични дела.
Тој бил активно следен од полицијата во времето на нападот кој го изведе вчера на улицата Стрихем, за кој се претпоставува дека е инцидент со исламистичка позадина.
3 лица се повредени во нападот, но ниту еден од нив не е во животно загрозувачка ситуација.
Наеднаш овој човек, кој одеше и всушност трчаше на тротоарот а имаше на себе еден вид појас или нешто слично. Не знам што точно беше. Зад него имаше неколку полицајци со оружје и му викаа да застане, да не бега. Беше шокантно. Потоа тие мораа и да пукаат во него повеќе од 2 или 3 пати.
Скотланд Јард соопшти дека полицајците пребарувале адреси во јужен Лондон и Стортфорд , но засега нема уапсени лица.
Кога Аман бил ослободен од затвор, имало стравувања за опасноста која тој ја претставува за јавноста, но немало никакви правни механизми да биде задржан во затвор. Владата на Џонсон сега најавува повеќе планови за спроведување фундаментални промени на системот за справување со лицата кои биле осудени за тероризам.