Три деца меѓу настраданите во Џенова

Три деца на возраст од 8, 12 и 13 години се дел од 35 загинати во вчерашната трагедија во италијанскиот град Џенова каде при невреме се урна мост, пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на извори од противпожарната служба која учествува во спасувањето.

Потрагата по преживеани со таму се уште трае, а околу 250 пожарникари од целата територија на Италија се надеваат дека заедно со кучињата трагачи ќе ги извлечат живи сите оние кои се уште се заглавени во своите возила и се наоѓаат меѓу рушевините.

Синоќа десетици возила паднале од 45 метри височина. Околу 16 лица се повредени во колапсот, од кои дел се во критична животозагрозувачка состојба. Бројот на исчезнати се движи од четири до 12.

Мостот висок сто метри паднал врз железничките шини, неколку згради и реката. Изграден е во шеесетите години на минатиот век, а реконструиран пред само две години, се сруши вчера откако при невремето во северозападот на Италија гром удрил директно во еден од неговите потпорни столбови.

Повеќе од 400 луѓе се евакуирани од околните куќи поради страв од нови рушења.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ