Трамп се плаши дека неговиот син кривично ќе одговара

Доналд Трамп Јуниор е се поблиску до обвинение од страна на американскиот специјален јавен обвинител Роберт Мулер. Претседателот на САД стравува дека членови на неговото семејство ќе имаат правни проблеми меѓу кои и зетот Џе-ред Кушнер, кој има висока функција во Белата куќа. Сега фокусот му е насочен кон синот кој го носи неговото име и на кого му препушти да ја води бизнис империјата.

Специјалниот обвинител врши притисок врз Трамп преку неговото семејство за да добие предност во претстојната правна битка. Доналд Трамп Џуниор е осомничен за соработка со странска влада и за нелегални акции за време на изборна кампања. Тој наводно го организирал состанокот со руски државјани во Трамп кулата за да добијат штетни информации за Хилари Клинтон. Ова е тешко кривично дело во САД и ако се докаже на Трамп Јуниор му се заканува и затвор.

Доналд Трамп побара неговиот обвинител Џеф Се-шонс да ја прекине истрага што критичарите го оценија како обид за попречување на правдата за што исто така кривично се одговара.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ