Трамп се фалеше пред OОН, присутните се смееја – Нови санкции за Иран и царини за Кина

Кога најмоќниот човек на планетата ќе излезе како фалбаџија пред светската сцена не е чудо да наиде на смеење или на потсмев. Проценете сами..

„За помалку од две години мојата администрација постигна повеќе од речиси која било друга администрација во историјата на нашата земја. Америка, тоа е толку точно. Не очекував таква реакција, но во ред е“.

Аплаузот по ова хумористична увертира е единствениот што Трамп ќе го добие во својот 40 минутен говор, не земајќи го предвид краткиот и срамежлив аплауз на крајот. Можеби затоа што Трамп токму од стаклената зграда ја испраќа првата провокација. САД нема да ги финасираат ООН над 25 проценти, додавајќи дека економска помош може да очекуваат само оние земји кои се пријатели или ги почитуваат САД.

Втората поента на Трамп веќе е нов удар врз мултилатерализмот. Америка секогаш ќе ја одбере независноста и соработката, пред контролата и доминацијата. Нема ОН да ви кажуваат како да живеете, работите, или во што да верувате. За возврат бараме само да го почитувате нашиот суверенитет, ќе заклучи Трамп.

Веќе третата поента доби заканувачки тон, кога стана збор за Иран.

„Не може да дозволиме водечкиот светски спонзор на тероризмот да ги поседува најмоќните оружја на планетата. Не можеме да дозволиме на режим кој навива за смртта на Америка и му се заканува на Израел со уништување да ги поседува средствата за да испорача нуклеарна боева глава во кој било град на светот“.

Трамп повика сите нации да го изолираат иранскиот режим. Во својата партиотска и унилатералистичка тирада, Трамп не ја поштеди нита Кина, со која започна трговска војна.

„САД штотуку најавија нови царини за кинески добра вредни 200 милијарди, за целосна бројка досега од 250 милијарди евра. Имам голема почит и приврзаност за мојот пријател Џи, но јасно ставив до знаење дека трговскиот дебаланс не е прифатлив“.

Помирни тонови кон Северна Кореја, која останува под санкции, но каде Трамо му се заблагодари на Ким Јонг Ун за напорите за денуклеаризација на полуостровот и намалување на тензиите.

Ако се потсетиме само пред една година, Трамп фрлаше со дрва и камење по Ким, кого и го нарече ракетниот човек во самоубиствена мисија. Денес делуваат како добри другари. Којзнае дали истата стратегија може да ја употреби и кон Техеран. Многумина тоа се прашуваат, знаејќи дека еден самит со иранскиот претседател, иако не е многу веројатен, сепак не е невозможен.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ