(видео) САД со разузнавачки потадоци докажуваат дека Иран стои зад нападот во С. Арабија

Соединетите држави објавија сателитски снимки и наведоа разузнавачки потаци кои го потврдуваат тврдењето дека Иран стои зад нападите на саудиските нафтени објекти.
Иран ја негира вмешаноста во возушните напади во саботата вечерта, за кои се тврдеше дека ги извршиле иранските бунтовници во Јемен подржани од Иран.
Но неименувани американски официјални лица во изјава за американските и меѓународните медуми велат дека целта и опсегот на нападот ја довеле во прашање и вмешаноста на бунтовниците Хути.

САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиските нафтени инсталации, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

„Има причини да веруваме дека знаеме кој е виновникот. Подготвени сме да одговориме, но ќе го почекаме саудиското кралство да ни каже кого смета за одговорен за овој напад и под каква форма да реагираме“, напиша Трамп на Твитер.

Јеменските бунтовници Хуси ја прездоа одговорноста за нападите врз нафтените инсталации на саудискиот нафтен гигант „Арамко“. Нивниот лидер веќе упати јасен повик до Саудиските власти дека треба што поското да и стават крај на агресијата врз Јемен, бидејќи тие се способни за вакви нови напади.
– Овие операции ја потврдуваат нашата способност за погодување на виталните саудиски локации. Тоа се витални и чувствителни места, па така ја докажавме нашата веродостојност и саудиското водство мора сериозно да ги сфати нашите предупредувања и да ја запре агресијата на Јемен, да се стопира нападот и да се повлечат со најмал можен губиток, вели Мухамед ал-Букаити, лидер на бунтовниците Хути.

И американскиот државен секретар Мајк Попмпео го обвини Иран за нападите и рече дека нема докази дека нападите дошле од Јемен. Според него Иран го поттикнал овој напад кој е без преседат и има за цел да и наштети на светската економија. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, обвинението го нарече „апсурдно“. Ицидентот ги намали глобалните резерви на нафта за 5%, а цените почнаа да растат.

Во меѓувреме рускиот претседател Владимир Путин на средбата со лидерите на Турција и Иран Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Анкара ќе разговара за нападот врз Сауди Армко.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ