
Трамп: САД би разговарале со Северна Кореја, но само „под вистински услови“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се заинтересирани за разговори со Северна Кореја, но само „под вистински услови“.
– Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп на состанокот со гувернери на американските држави во Белата куќа.
Тој додаде дека по барање на неговата администрација, Кина направила многу по прашања за Северна Кореја.
Американскиот претседател исто така тврди дека многу стоки влегуваат во Северна Кореја преку Русија и покрај санкциите против Пјонгјанг.