
Трамп реши да не го става Њујорк во карантин
Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучи дека нема потреба од карантин во Њујорк. Тој претходно ја најави можноста за затворање на Њујорк и делови од Њу Џерси и Конектикат како мерки во борбата против новиот коронавирус.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо дека затворањето ќе биде „смртоносно и антиамериканско“. Тој додаде дека Њујорк ги спровел мерките на карантин, како забрана за големи собири и им наредил на луѓето да останат дома, но оти е против „затворање“.
Со повеќе од 123.000 луѓе заразени со Ковид-19, СД се први по бројот на случаи во светот, додека бројот на смртни случаи изнесува 2.200.