Трамп прогласи вонредна состојба во Америка

Американскиот претседател го направи она од што сите се плашеа. Незадоволен од одлуката на Конгресот да не му ги одобри потребните шест милијарди долари за изгреадба на пограничниот ѕид со Мекскико, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на национално ниво. Во својот говор, пред да ја потпише одлуката, рече дека ќе мора да ги искористи вонредните овластувања за да ја заштити нацијата од дилери на дрога и илегални имигранти.

  • Значи, денеска ќе потпишеме и ќе прогласиме вонредна состојба. Тоа е одлично затоа што имаме инвазија од друга, банди, инвазија од луѓе. Тоа не е прифатливо, рече Трамп.

„Сите знаат дека ѕидовите функционираат“, рече Трамп. Но, ова не го мислат и неговите сопартијци.

  • Претседателот едноставно лаже секогаш кога му одговара. Имаме историски пад на апсењата на нашата граница и обиди да се премине. Нема криза на нашата граница…никој од неговото воено водство, ниту еден државен експерт не се согласил со претседателот дека има толкава криза за која е потребна вонредна состојба, смета Деби Васерман, од Републиканската партија.

Демократите го очекуваа овој негов потег и најавија дека ќе тужат, а Трамп им порача дека е подготвен.

  • И ќе не тужат, ќе не тужат во Апелација, иако не треба да биде таму, и веројатно ќе добиеме лоша одлука, и потоа ќе добиеме уште една лоша одлука и ќе завршиме на Врховен, и се надеваме дека ќе добиеме фер судење, и ќе победиме на Врховен суд, исто како и за забраната, им порача американскиот претседател.

Ако не го блокира Конгресот, Трамп сега терортетски би можел да обезбеди осум милијарди долари кои се потребни за изградба на ѕидот. Администрацијата наводно веќе лоцирала пари во владините фондови. Веројатно најмногу ќе страда војската. Затоа што 3,6 милијарди од воените проекти ќе се пренасочат за изградба на ѕидот.  Други 2,5 милијарди може да повлече од програмата за борба против дрога и 600 милиони долари од фондот на Министерството за финансии. сите овие пари кои би ги повлекол Трамп ќе ја загрозат националната безбедност и ќе ја намали подготвеноста на војската.

Изградбат на ѕидот кон Мексико е еден од најконтроверзните проекти на републиканците во изминативе децении. Претхдоно, Буш Помладиот беше обвинет, а сега и Трамп дека се обидува да се огради од сиромаштијата во јужна и централна Америка.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ