Трамп пречекан од финскиот претседател пред тет-а-тет средбата со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Хелсинки се сретна со неговиот фински колега Саули Нинисто, при што му се заблагодари за помошта при организирањето на средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, која е планирана за подоцна вп текот на денешниот ден.

Финската државна телевизија ЈЛЕ јави дека Трамп на средбата ја пофалил Финска како прекрасна држава.

Тој исто така дал високи оценки и за минатонеделниот самит на НАТО во Брисел, при што рекол дека Алијансата никогаш не била посилна или покохерентна од сега.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ