Трамп повторно ја одбегна вечерата со дописниците од Белата куќа

Иако претседателот Доналд Трамп не присуствуваше на традиционалната вечера со дописниците од Белата куќа, сепак беше главната мета на говорниците.

„Добра вечер, добра вечер, еве сме на вечерата на дописниците од Белата куќа и како што би кажала порно ѕвезда пред да спие со Трамп, да завршиме со ова“, започна комичарката Муишел Вулф.

Пресскретарот на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс беше задолжена да го замени својот шеф и стоички ги истрпи сите напади.

„Всушност навистина ми се допаѓа Сара, мислам дека е многу снаодлива. Како да ги согорува фактите и потоа пепелта ја користи за да создаде совршено смртоносно око. Можеби е родена со тоа, можеби е лага. Најверојатно е лага“, ја задеваше Вулф.

Исто како и минатата година, Трамп избра попријателска средина за да ја избегне вечерата. Претежно републикански настроеното градче Вашингтон во Мичиген беше овогодинешната дестинација на Трамп.

„Можеше да бидам таму вечерва смеејќи се како да ми се допаѓа тоа што ме мразат, удар по удар, овие луѓе, тие те мразат, удар и потоа треба да се…“, оцени Трамп.

За време на мандатите на претходните претседатели, вечерата на дописниците од Белата куќа беше популарен настан меѓу американските ѕвезди, спортски, филмски, телевизиски. Минатата година опадна интересот за неа, од една страна затоа што повеќето одбраа да ја бојкотираат токму поради Трамп, а од друга страна затоа што и самиот претседател не присуствуваше. Доналд Трамп е првиот претседател по Роналд Реган кој не присуствувал на овој настан, кој по традиција го води комичар и на кој претседателот е главна мета на критики, повеќето упатени на комичен начин. Но исто така е и подуим на кој претседателот може на ист начин да им врати на критичарите.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ