Трамп: Победивме против „Исламска држава“, нашите војници се враќаат дома

– Победивме против „Исламска држава“. Време е нашите војници да се вратат дома.. Белата куќа објави видео порака во која претседателот Доналд Трамп ја објаснува неочекуваната одлука да ги повлече американските војници од Сирија.

Официјални американски претставници вчера соопштија дека Трамп ќе ги повлече од Сирија сите две илјади американски војници. Според локалните медиуми, тоа предизвикало лутина и огорченост кај републиканските пратеници. Изненадувачкото објавување победа над ИД е во спротивност со проценките на неговите експерти за ситуацијата во Сирија.

Но Трамп во обраќањето вели дека е тешко да се пишуваат писма и да им се обраќаш на блиските на оние кои загинале во борби.

Висок владин претставник изјави дека одлуката е заснована на верувањето на Трамп дека американските војници во Сирија немаат друга задача освен да се борат против „Исламска држава“, која сега држи околу еден процент од територијата со која владеше кога беше најсилна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ