Трамп отвори нов фронт со Гугл, Фејсбук и Твитер

Бидете бнимателни газите на проблематичен терен, американскиот претседател Доналд Трамп со предупредување до Гугл, Фејсбук и Твитер.

-Мислaм дека тоа што го прави Гугл, а и другите, погледате шта се случува на Твитер, ако погледнете што се случува на Фејсбук, подобро е да бидат претпазливи бидејќи не може тоа да им правите на луѓето, не може. Постојат огроман број, има буквално илјадници и илјадници поплаки едноставно не можете тоа да го правите. Па мислaм дека Гугл, Твитер и Фејсбук навистина загазија на проблематичен терен и мораат да бидат внимателни бидејќи не е фер за голем дел од популацијата, рече Трамп.

Трамп неодамна ги обвини социјалните мрежи за политичка пристрасност и цензура, но не даде докази за своите тврдења. Вестите рече потекнуваат од „левичарските медиуми“, што според него е „многу опасно“.

-Значи Белата куќа нема да открие каде ја добил Трамп оваа идеја, но за време на викендот е објавен блог од страна на конзервативната активистка по име Паула Болиард која рече дека ги пребарала „вестите за Трамп“ на Гугл и дека околу 96 проценти од резултатите упатуваат на веб сајтови, според неа, лево ориентирани новинарски агенции, истакна Барбара Ортутаи, Асошиејтед Прес.

Во истовреме компанијата ЊусГард започна со проширување на пребарувачот компатибилен со Гугл Хром, кој автоматски ја проценува веродостојноста на страницата во рамките на резултатите на пребарувачот.

-Ние користиме специфични показатели и се држиме за нив. На пример, дали повеќепати сте биле откриени дека сте објавиле лажни вести и не сте направиле брза и искрена исправка на тие лажни вести? Дали употребувате лажливи наслови? Дали објавувате кој е сопственик на вашиот сајт, кој го финансира?, објасни Стивен Брил, директор на компанијата Њусгард.

Но Гугл го демантираше американскиот претседател, резултатите од пребарувањата, му одговорија никогаш не се рангирани со намера за политичка манипулација, бидејќи не се користи за поставување на политички агенди и не покажува резултати врз основа на чија било политичка идеологија, се посочува во соопштението на „Гугл“.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ