Трамп ослободен од сенатот во судскиот процес за негово отповикување

Американскиот претседател, Доналд Трамп, беше ослободен од вина во судскиот процес кој се водеше во Сенатот, за негово отповикување, со што се стави крај на обидот на демократите за импичмент, кој длабоко ја подели нацијата.

Сенатот, кој е под контрола на Републиканците, гласаше 52-48 по обвиненијата за злоупотреба на позицијата и 53-47 за опструкција на Конгресот.

Демократите го обвинија Трамп во Декември за вршење притисок и уцена на Украина, при што од властите во Киев очекувал да отворат истрага против синот на неговиот потенцијален ривал Џо Бајден.

Во Ноември оваа година, Трамп ќе биде првиот претседател на САД, на кој му бил изгласан импичмент, кој ќе оди на избори да го бара својот втор мандат од граѓаните.

Доколку беше прогласен за виновен, Трамп ќе мораше да му ја предаде својата функција на потпретседателот Мајк Пенс.

Мит Ромни, сенаторот од Јута, беше единствениот републиканец во Сенатот, кој гласаше за отстранување на Трамп од функцијата, по првото обвинение – за злоуптреба на функцијата.

И покрај надежите на Демократите, двајцата умерени републиканци во Сенатот – Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Аљаска – не му се придружија на Ромни.

Дел од републиканците го критикуваа однесувањето на Трамп, но тврдеа дека тоа сепак не е доволна причина за негово отповикување.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ