Трамп одбива да носи заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да носи заштитна маска и покрај новата здравствена препорака до Американците дека треба тоа да го направат. Како што пренесува Би-Би-Си, Трамп истакнал дека не може да се замисли себеси како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во Овалниот кабинет додека носи маска. Тој нагласи дека придржувањето кон препораката за носење заштитна маска, издадена вчера, е „доброволно“.

„Не морате тоа да го правите. Не мислам дека и јас тоа ќе го направам“, изјави Трамп.

Препораките кои ги издадоа центрите за контрола и превенција на болести, кои се владини советодавни агенции за јавно здравство, доаѓаат откако во САД се потврдени 270.473 заразени случаи со Ковид-19 и речиси 7.000 починати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ