Трамп најавува тужби поради истрагите за изборите во 2016 година

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе поднесе тужба против лица кои се вклучени во истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

– Веројатно ќе поднесам многу тужби против многу луѓе кои учествуваа во истрагата за изборите во 2016 година, рече Трамп на заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисте.

Тој не прецизираше на кого мисли, но повеќе пати изрази незадоволство од работата на некои централни фигури во истрагата што ја спроведе американскиот специјален иследник Роберт Малер, како што е поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого го разреши во мај 2017 година.

Истрагата на Малер не откри доволно докази дека Трамп и неговиот изборен штаб заговарале со Русија.Малер исто така рече дека нема доволно докази за да се обвини некој службеник во кампањата дека работел како нерегистриран странски агент на Русија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ