Трамп ја потврди смртта на Ал Багдади, Русија негира вмешаност во акцијата

Абу Бакр ал-Абдади е мртов, изјави на денешната прес-конференција американскиот претседател Доналд Трамп. Тој истакна дека изминатата ноќ САД донеле „правда за најголемиот терористички лидер во светот“.

Трамп рече дека лидерот на Исламска држава умрел „викајќи, плачејќи и врескајќи“ откако влегол во тунел од кој немало излез.

  • Стигна до крајот на тунелот, нашите кучиња го дотераа до таму. Го активираше елекот убивајќи ги и своите три деца. Телото му е осакатено од експлозијата. Тунелот исто така се урна врз него. Но резултатите од истражувањата покажаа целосна идентификација. Тоа беше тој. Разбојникот кој толку се трудеше да ги заплаши другите последните моменти ги помина во екстремен страв, во целосна паника и страв, обиколен од американските сили кои го нападнаа, изјави Донал Трамп.

САД 100 процентно го „уништиле калифатот на ал Багдади“, оцени Трамп. Тој им се заблагодари за поддршката на Русија, Турција, Сирија и Ирак и сириските Курди.

Но руското министерство за одбрана порекнува било каква соработка со американското водухопловство и истакнува дека убиството на Ал-Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.

На местото на скривалиштето на Ал – Багдади денеска има само огормна дупка, куќата е срамнета со земја. Активистот Али Ал-Еша се јави со видео запис од местото на акцијата на американските командоси, вели имало седум тела и дека едно е однесено на непозната локација.

Но тука беше крајот на обидот на Ал-Багдади кој сакал своето семејство да го одведе кон турската граница. Тој користел мрежа од курири и бил во постојано движење. Не се задржувал на едно место повеќе од 72 часа. Кој беше калифот Ибрахим. Тој на Западот му се закануваше со „марш на Рим“, се залагаше за убивање на христијанските “неверници“, шиитските „еретици“ и Курдите. Ги повикуваше сунитите на „ерупција на вулканот на џухадот“. Лидерите на Саудиска Арабија ги нарекуваше „глава на змијата“ и ветуваше дека ќе ги урне границите на Јордан и Либија, дека ќе ја ослободи Палестина и дека ќе го уништи Израел.

Веста дека американсите сили го убиле Ал – Багдади го потсети пак чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на зборовите на Тарас Буљба: „Јас те родив, јас ќе те убијам“.

Абу Бакр ал Багдади е повторно убиен?, прашува Кадиров и се потсетува на едно не така дамнешно време – Бин Ладен е мртов, додека пак Ал Каеда е жива, напиша Кадиров на мрежата Телеграф.

А на што се темелат сомнежите на Кадиров, да потсетиме дека уште во јули 2017 руското министерство за одбрана соопшти дека во воздушните напади во Сирија е ликвидиран водачот Ал Багдади, но од Белата куќа рекоа дека овие наводи не можат да бидат потврдени.

И рускиот воен репортер Александар Коц со критики кон американската операција вели „ако е вистина дека Ал – Багдади е убиен во Идлиб, смешно е што се работи за место, на кое според Американците нема никакви терористи – само умерена опозиција и бели шлемови, пишува Коц на Телеграм.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ