
Трамп: Испратете го Фараж да преговара со Брисел
Пред утрешната посета на Велика Британија, американскиот претседател Доналд Трамп и препорача на владата во преговорите со Брисел да го вклучи и Најџел Фараж, кој политичката кариера ја изгради заговарајќи напуштање на унијата. Во интервју за „Сандеј Тајмс“ Трамп рече дека следниот британски лидер треба да ја испрати Најџел Фараж, како некој кој најмногу се залага за Брегзит, да преговара со ЕУ. Американскиот претседател порача дека Лондон треба да биде подготвен за напуштање на унијата без договор но и дека треба да одбие да ја плати т.н „сметка за развод“ од Брисел во висина на 39 милијарди фунти. Токму неуспешниот Брегзит ја принуди премиерката Тереза Меј да поднесе оставка, како од владата така и од партиската функција, а дел од кандидатите веќе побарале подршка од американскиот претседател. Но Трамп за време на последната средба беше полн со пофални зборови за премиерката, иако претходно го критикуваше нејзиниот план за Брегзит.
Оваа неверојатна жена врши одлична работа, голема работа и го мислам тоа, ја фалеше тогаш Трамп.
Како и претходниот пат, и за утре се планирани нови анти Трамп протести во Лондон. За време на неговата претходна посета на Велика Британија демонстрантите пред Вестминстер поставија голем балон на „бебето Трамп“.
Мислевме дека ќе биде смешно и е смешно. Луѓето мислат дека е смешно, вели демонстрантот Лео Мареј.
Престојанта посета беше неколку пати одложувана токму поради стравот од приемот на Трамп од страна на Лондонската јавност. Лондонсиот градоначалник Садик Кан, вели дека за голем дел од жителите на неговиот град политиките на Трамп се одвратни и навредливи.
Откажувајќи ги репродуктивните права на жените, разделбата на деца од своите родители на границата со Мексико, воведувањето забрана за земјите со муслиманско мнозинство, застапувањето на белите супремацисти, неонацисти и антиемитисти во Шарлотсвил, пресликувајќи ги расистичките пораки и кај нас, повлекувањето од Парискиот климатски договор, би можел да продолжам, вели градоначалникот Садик Кан.
И покрај приговорите и негодувањата Трамп утре ќе слета во Лондон. Првиот ден од неговата посета ќе има приватен ручек со Кралицата и чај со Принцот од Велс пред планираниот државен банкет во Бакингемската палата, на кој присуството го откажаа доста проминентни личности од британската јавност.
Игор Трајков