Трамп и Ким се разделија во Виетнам

Трамп и Ким ја прекинаа средбата во виетнамскиот главен град Ханој.  Двајцата претседатели иако долго го подготуваат нивниот втор самит посветен на горливото прашање на денуклеаризацијата на Северна Кореја сепак не постигнаа договор. Средбата беше одеднаш  прекината, па двете страни заминаа без планираната заедничка изјава.

Секоја од страните сака на другата да ѝ ја припише одговорноста за прекинот. Доналд Трамп рече дека Пјонгјанг барал укинување на сите санкции воведени поради неговите забранети нуклеарна и балистичка програма. Северна Кореја, пак, објави дека барала „само делумно“ укинувања на санкциите.

Во замена за ублажување на санкциите Пјонгјант предлага „затворање на сите свои постројки за нуклеарно производство“ во комплексот Јонгбјонг, рече севернокорејскиот министер за надворешни работи. „Имавме вистински разговори за важните прашања со Ким Џонг-ун: знаеме што тие сакаат, а тие знаат што ние мораме да постигнеме“, истакна Трамп во објавата на Twitter. „САД нестрпливо го очекуваат враќањето на преговарачката маса, за да ги продолжат разговорите кои на крајот ќе доведат до мир и стабилност“, изјави, пак, американскиот државен секретар Мајк Помпео во текот на неговата посета на Манила.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ