Трамп го отвора патот за државјанство за 1,8 милиони имигранти

Претседател Доналд Трамп е подготвен да потпише план, кој ќе го отвори патот за добивање државјанство за 1,8 милиони млади имигранти, кои нелегално како деца пристигна во САД, објавиja вчера високи претставници на Белата куќа.

Белата куќа го претстави планот како голема отстапка, која има за цел привлекување на доволен број на гласови од демократите. Но, планот вклучува и некои други елементи, како што се зајакнување на граничната безбедност и одвраќање на нови мигранти.

Планот на Трамп, за кој Белата куќа се надева дека ќе се изгласа во Сенатот на САД во почетокот на февруари, има за цел да формира и фонд од 25 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико и за финансирање на подобра заштита на границата со Канада.

Трамп, чии тврди ставови за имиграцијата беа клучен дел од неговата претседателска кампања во 2016 година, најави во септември дека ќе ја прекине програмата Одложена акција за пристигнувања во детството (Deffered Action for Childhood Arrivals), која беше воведена од неговиот претходник од демократите Барак Обама ако Конгресот не понуди нов предлог закон.

Заштитата на програмата Одложена акција за пристигнувања во детството опфаќа околу 700.000 луѓе, но официјални претставници на Белата куќа проценуваат дека барем уште толку нелегални имигранти се квалификувани за програмата, но не ја потпишале.

Според нив, 1,8 милиони луѓе ќе можат да аплицираат за државјанство во следните 10-12 години, потврдувајќи дека имаат работа и не извршиле никакво кривично дело.

Планирано е да се укине  доделувањето на виза преку лотарија во некои земји, велат официјалните претставници.

Овие мерки би можеле да ја намалат имиграцијата за 50 отсто, проценува Френк Шери, предводник на проимиграциската група „Америкас војс“

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ