Трамп формираше вселенска команда

Америкснскиот претседателот, Доналд Трамп потпиша указ со кој го овластува Министерството за одбрана на САД да ја формира новата вселенска команда во рамките на Пентагон.

Целта е подобро да ги организира и да ги унапреди огромните воени операции во вселената кое би можеле да чинат до 800 милиони долари во наредните пет години.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс рече дека во Вселенскиот центар „Кенеди” на Флорида започнува нова ера на американската национална безбедност во вселената.

Целта на новата команда ќе биде да ги нагледува и да ги организира активностите во вселената и да пронајде ефикасни начини за одбрана на американскиот имот во вселената, вклучувајќи голем број сателити кои силите на САД ги користат за навигација, комуникација и за надзор.

Потегот на Трамп следи во период на се поголема загриженост на Вашингтон дека Кина и Русија работат на онеспособување па дури и уништување на американските сателити.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ