
Трамп: Брансон ќе дојде во Белата куќа
Свештеникот Ендру Брансон денеска ќе пристигне со авион во воeна база близу Вашингтон и најверојатно ќе ја посети Белата куќа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп додаде дека 50 годишниот свештеник многу пропатил, но дека е во добра форма. Брансон беше уапсен во 2016-та, и обвинет дека учествувал во неуспешниот воениот удар.
На предизборен митинг во Охајо, Трамп не пропушти да се пофали со веста за Брансон меѓу конзервативните христијани. На само 4 недели од мидтерм изборите, Трамп е повторно на турнеја низ Америка.
„Тој е сега ослободен од затвор и лета накај Германија каде ќе се симне на кратка контрола и мисла дека ќе биде во добра форма и дека доаѓа во Вашингтон утре и ние ќе го поздравиме. Тој помина низ многу нешта. Сите знаете за свештеникот Брансон. Тој помина низ многу, но сега се враќа. Тоа ни успеа со многу луѓе, така? Имавме многу успеси. С. Кореја, Египет, ви текнува, враќаме голем број на луѓе и тоа е добро. Тие сакаат да се вратат назад во нашата земја и тие се враќаат во нашата земја“.
Случајот со свештеникот доведе до драматично влошување на дипломатските односи меѓу Вашингтон и Анкара. Сега одлуката на туските власти, ги закрпува односите меѓу двете земји челнки на НАТО, особено зближени после проблематичниот случај со убиството на саудијскиот новинар Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.
Свештеникот Брансон, со потекло од С. Каролина живеел во Турција преку 20 години, за во 2016-та да падне во една од чистките на Ердоган после воениот удар, обвинете дека има врски со Фетула Ѓулен, декларираниот непријател број 1 на Турција.
Дипломатиите на Турција и САД подолго време преговараа за негово ослободување, и во август месец дојдоа до договор. Во меѓувреме САД мораше да изврши и малку притисок врз Ердоган, воведувајќи економски санкции кои дополнитело ја срушија турската лира, по што Анкара нагло омекна на прашањето за ослободување на свештеникот.
Со други зборови, во случајот Брансон, Ердоган ја направи погрешната проценка, дека со сила и закани, може да влијае на Вашингтон.
Ивор Мицковски