Топлотен бран во Европа: Можна нова рекордна температура

Европа се соочува со топлотeн бран, а метеоролозите најавуваат дека во наредните денови, може да „падне“ температурниот рекорд.

Тековниот европски рекорд е 48 степени Целзиусови, измерени во Атина во јули 1977 година.

Прогнозата за јужна Шпанија и Португалија за петок и сабота е 47 степени Целзиусови.

Медиумите во Европа објавуваат фотографии од намалени езера и суви реки и луѓе кои се ладат во чешми и се обидуваат да се кријат под чадори.

Шпанската национална метеоролошка служба издаде предупредување до граѓаните и објави дека топлотниот бран ќе биде „особено интензивен на југозапад”.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ