
Топлиот мај ги полни плажите во Европа
Како епидемијата стивнува, државите се одлучија да ги отворат границите, но полека и срамежливо. Слободниот проток на патниците најмногу претрпе поради пандемијата, а ако продолжат мерките, загубите од туризмот би биле непроценливи.
По Хрватска и Словенија, од утрово во Австрија ќе можат да влезат Унгарците, Словаците и Чесите. Сепак, ќе минуваат низа полициски пунктови, па така границите се повеќе ќе наликуваат од времето пред Шенген зоната. Со оглед на најавените долги часови чекање во колона, туристите ќе мора да се вооружат со сериозно трпение. Грција границата за туристи ја отвора на 15-ти јуни, но првиот топол бран, овој викенд ги натера грците да излезат на плажите. Строгите мерки не ги предомисли, и пред влезовите на јавните плажи се чека во редици за да се дише морискиот воздух. Бројката на капачи е ограничена, и поради тоа се наплаќа влезот. На површина од 1000 квадратни метри не смее да има повеќе од 40 посетители, растојанието помеѓу чадорите е 4 метри, секој треба да си носи свој пешкир, а ќе се продаваат само спакувани производи. Грците задоволни, и покрај строгите упатства.
- Како што гледате, доволно сме оддалечени еден од друг. Не знам што ќе се случува во август, но сега е убаво и безбедно.
Угостителите се свесни за престојното чудно лето, но се надеваат дека релаксирањето нема да изостане.
- Секако ова лето ќе биде многу поинакво од претходните. Сите ќе треба да се навикнеме на секојдневниот живот, на новите правиле кои ќе ги следиме колку што е потребно, и ние и клиентите. Генерално, се надеваме на колективна соработка за да имаме резултати.
Од утринава се отворени и грчките цркви, но внатре е дозволен одреден број на верници, а пред влезот се мери темепратура. Сепак, причестата е со иста лажичка.
38-те целзиусови степени викендов ги поттикна и жителите на Тел Авив да излезат на плажите. И покрај препораките на властите, да нема долги задржувања, граѓаните ги игнорираа и денеска заборавија на корона вирусот, и на мерките. Одлучија да се релаксираат.
- Совршено, конечно. По два месеца дома, ни недостасува плажата и конечно сме тука. Погледнете корната тука се слави, како што изгледа.
Дали отворањето на границите ќе доведе до зголемен број на заразени од ковид 19, останува да видиме. Но, дека топлото време ќе ја стивне болеста јавува и последната аналаиза на Харвард. Тамошните научници анализирале речиси 4.000 локации низ светот и заклучиле дека просечните температури над 25 Целзиусови степени значително го намалуваат ризикот од инфекција. Но, летото нема целосно да ја запре пандемијата. Коронавирусот веројатно ќе се однесува како САРС и МЕРС, а тоа значи и дека по летото бројот на инфекции ќе се зголеми во есен.
Алиса Шутиноска