
Топ тема НВС – Каков ќе биде патот до членство во НАТО? (29.06.2018)
Поканата од НАТО во јули е сигурна, членството ќе зависи од Договорот за името. Македонија ја очекува работно лето – пристапни преговори со НАТО и скрининг од ЕУ. Колку е подготвена власта да испорача клучни реформи? Колку е подготвена опозицијата да инвестира во интеграциите? Дебатираат Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ. Од Брисел интервју со вицепремиерот Бујар Османи.
Гледајте Топ тема на ваша страна со Сања Васиќ од студиото во Скопје и Боби Христов од Брисел.