
Топ тема НВС: Каде се мерките за спас од загадувањето што ги ветија властите? (02.11.2018)
Најзагаден воздух во Европа дишат граѓаните на Македонија, а Скопје во моментов е шести најзагаден град во светот. Каде се мерките за спас што ги ветија властите? Зошто загадувачите и натаму неказнето „убиваат“? Дали загадувањето на воздухот достигна ниво на прашање од национална безбедност?
Во Топ тема на Ваша страна вечерва дебата на граѓанските активисти и одговорните институции, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и државниот секретар во Министерството за животна средина Ана Петровска. Гледајте Топ тема на Ваша страна со Сања Васиќ #НВС