Топ Тема на Ваша Страна: Нови рудници на југоистокот од Македонија (07.12.2018)

Високата политичка агенда речиси стивна се во државава, но не и немирот на македонскиот југоисток, каде последните одлуки на Уставниот суд за поништување на локалните референдуми против отворањето на рудници за металични минерални суровини – повторно ги мобилизираат и граѓанските организации и локалните власти. Топ Тема на Ваша страна вечерва во отворена дебата од Народниот тетар во Гевгелија – градот од кој тргна референдумскиот бунт и сега е последен на списокот иницијативи пред уставниот суд.
Дебата со: Саше Поцков, градоначалник на Гевгелија; Перо Костадинов, градоначалник на Валандово; Ана Петровска – државен секретар во МЖСПП; Ангел Наков – „Спас за Гевгелија“ и Ѓорѓи Танушев, “Здрава Котлина “ – Струмицa.

https://youtu.be/bRBmJ0R5gtw

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.