Топ Тема на Ваша Страна: Лицата со хендикеп во Македонија и нивните проблеми (10.12.2018)

Сурова е реалноста во Македонија за граѓаните со попреченост, се согласуваат 80 отсто испитаници во Анкетата на Телма и МЦМС. Владеат предрасудите и стравот од различности, па речиси половина не сакаат нивните деца да учат заедно со децата со хендикеп, а над 45 отсто дека не треба да работат во ниту јавни институции. Дали може да им се обезбеди достоинствен живот и еднаков третман, но и што презема државата, дебатираат Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народен правобранител, Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјала, Елена Кочоска од “Полио плус“ и Маргарита Милошеска од “Ресурсен центар“.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.