Топ Тема на Ваша Страна: Криминално згаснувањето на Фени (16.04.2018)

Кој, како и зошто закаше да го згасне Фени? Кои се казахстанските олигарси со белгиски пасоши: Александер Мачкиевич, Паток Чодиев и Алијан Ибрагимов, кои стојат зад поранешниот сопственик на Фени – холандски Кунико. Како казахстанската тројка, сомничена за перење пари, корупција, мито и даночни затајувања поминала низ филтерот на македонските власти? Што правеле УЈП, Финасиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, кога се извлекувале милиони од продаден, а ненаплатен фероникел?
Дебата со Арафат Муареми, директор на финасиската полиција, Слаѓања Тасева, ексерт за корупција и Павле Гацов, даночен експерт.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.